Информации за Охрид

Историја

Современиот Охрид е наследник на античкиот Лихнидос (латински: Lychnidos). Според податоците, градот прв пат се споменува 2.400 години пред новата ера. Лихнидос се наоѓал на патот Виа Игнација, наjстарата и наjзначаjната римска сообраќаjница на Балканот. Бригијците и Енхелеjците го сочинуваат наjстарото население кое може според името да се идентификува во пошироката област на Охридското Езеро. Бригиjците се исто што и Фригиjците. По Третата македонска воjна против кралот Персеј, Лихнид станува главна римска база во северните области на Македониjа. Тоа е времето кога за него наjмногу се слуша. Последната вест за Лихнид е веста за неговото разурнување. Во еден земјотрес, коj според историските извори се случил на 29 и 30 мај 526 година, настрадале повеќе десетици илjади лица во Лихнид. Потоа градот повеќе не се споменува во историските извори.

Охридската област во краjот на VI век била изложена на масовна словенска колонизациjа. Охридската област до 30-тите години на VII век била целосно колонизирана од словенското племе Берзити. Лихнид оттогаш го добил името Охрид.

Охридскиот краj уште во втората половина на VIII век станал привлечно подрачjе за бугарската држава. За време на бугарскиот цар Борис I Михаил македонските територии во воено-административен поглед биле опфатени во неколку „комитати“. Охрид бил во комитатот што ги опфаќал Охридско-деволските краишта. Во 886 година Климент, по краткото задржување во бугарскиот двор, бил испратен во Македониjа со важна државна мисиjа. Тоj бил испратен во областа наречена Кутмичевица како учител. Областа jа опфаќала Југозападна Македонија и Јужна Албанија, со главните градови Охрид и Девол.Како учител и епископ Климент заедно со Наум ги поставиле основите на т.н. Охридска глаголска книжевна школа. Благодареjќи на деjноста на Климент и Наум, градот Охрид, во втората половина на XIX век израснал во еден од наjразвиените и наjпознатите средновековни словенски културни центри.

Згради и Музеи

Турскиот патеписец Евлија Челебија го посетил Охрид во XIV век и забележал дека градот има 365 цркви, по една за секој ден од годината.

Некои од позначајните објекти се:

Превземено од www.wikipedia.com